Дописници Свлечиште на локалниот пат кај Крива Паланка отсече три села

Свлечиште на локалниот пат кај Крива Паланка отсече три села

Свлечиште кое настана на локалниот патен правец од Крива Паланка до селата Дурачка Река и Станци го затвори сообраќајот за околните села.

Селаните велат дека вчера на локалниот пат имало помало свлечиште,  но во текот на вечерта врз патот се одронила повеќе земја.

Како што објаснуваат надлежните, одронот најверојатно настанал поради големата количина вода која од врнежите дотекувала на постојниот пат за село Дренак.

Од општината Крива Паланка информираат дека веќе е интервенирано до министерството за транспорт и врски.

Околу 300 жители од селата Станци, Дренак и Дурачка река се отсечени од градот.