Свет Балкан Светски карикатуристи го исмеаја Ердоган

Светски карикатуристи го исмеаја Ердоган

Карикатура на Реџепт Таип Ердоган

Светски познати карикатуристи почнаа кампања за исмејување на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, откако турскиот суд го осуди на девет години затвор карикатуристот Муса Карт.

Интернет-кампањата вчера ја почна карикатуристот на „Гардијан“, „Индипендент“ и на „Индекс он цензоршип“, Мартин Роусон, откако Карт повторно се појави пред судот.

Ердоган ја поднесе тужбата протв Карт поради карикатурата во дневниот весник „Кумхуријет“, објавена на 1 февруари 2014 година, во која тогашниот премиер е прикажан како холограм кој набљудува грабеж. Карикатурата се однесуваше на неговата наводна вмешаност во затајување корупциски скандал.

Судот првично ја отфрли тужбата на Ердоган, со образложение дека не постои правна основа за тужба, но подоцна ја смени одлуката откако адвокатот на Ердоган поднесе жалба. Карт во 2005 година беше казнет бидејќи го нацрта Ердоган како мачка.

Турското министерство за надворешни работи во понеделникот го повика германскиот амбасадор во Анкара за да му врачи протесна нота поради илустрацијата во германски учебник, во кој Реџеп Таип Ердоган е прикажан како куче.

Карикатира на Ердоган во германски учебник

Карикатурата првпат е објавена во 2011 година во весникот „Франкуртер алгемајне цајтунг“, а подоцна е преземана во книга за средно образование и е употребена во заглавјето „Турците во Германија, приказна за успехот“.