Свет Европа Светската антидопинг агенција бара суспензија за Русија

Светската антидопинг агенција бара суспензија за Русија

Русија треба да биде суспендирана од атлетските натпреварувања, препорача денеска Светската антидопинг агенција (WADA).

Независна комисија на агенцијата ги истражува обвиненијата дека руските атлетичари ги плаќале своите претставници за допинг да ги снабдуваат со забранети супстанци и да им ги прикриваат резултатите од тестовите, додека Меѓународната атлетска федерација е обвинета за прикривање и за злоупотреби.

Исто така, се препорачува на пет атлетичари и на пет тренери доживотно да им се забрани занимавање со спорт.

Истовремено, етичката комисија за Меѓународниот олимписки комитет препорачува привремена суспензија на Ламин Диак, како почесен член на Меѓународниот олимписки комитет, поради истрагата која против него се води во Франција за наводно перење пари и за корупција.