Економија Светска банка ја намали прогнозата за пораст на глобалната економија

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на глобалната економија

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на светската економија за оваа година од 2,9 проценти, колку што прогнозираше во јануари, на 2,4 проценти.

Во земјите на еврозоната се очекува пораст од 1,6 проценти, што е на исто ниво како и минатата година.

Светска банка ја намали проекцијата за порастот на американската економија од 2,4 на 1,9 проценти.

Како еден од главните проблеми на светската економија, оваа институција ја наведува ниската цена на суровините, од кои се зависни земјите извознички.

Во априлските проекции, Светска банка предвиде пораст на македонската економија од 3,7 проценти.