Македонија Суспендиран анестезиологот од Тетово што објави снимки од пациенти

Суспендиран анестезиологот од Тетово што објави снимки од пациенти

Mинистерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, соопштија дека е суспендиран анестезиологот од тетовската болница што на ТикТок објави снимки од пациенти.

„Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто“, рече министерот.

Постапката на анестезиологот претходно ја осуди и Лекарската комора.