Економија Сугарески се сретна со претставници на авиокомпанијата „Полиш ерлајнс“

Сугарески се сретна со претставници на авиокомпанијата „Полиш ерлајнс“

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретна со претставници од авиокомпанијата „Полиш ерлајнс“, на која присуствуваше и амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски.

На средбата се разговарало и за можноста за воспоставување летови и од аеродормот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, со што би се заголемиле капацитетите на искористенот на овој аеродром.

Сугарески ги презентирал можностите и условите што ги нуди Македонија на авиокомпаниите кои се заинтересирани да оперираат од двата аеродроми.