Економија Сугарески: Гасоводот до Кавадарци е завршен

Сугарески: Гасоводот до Кавадарци е завршен

Годинава сме силно фокусирани на гасификација на земјата, интензивно се работи на сите магистрални гасоводи и очекувам сите средства предвидени за овој проект да ги потрошиме, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески од Кавадарци.

„Делот во Кавадарци е веќе завршен. Исклучително сме посветени на изградба на магистралниот гасовод. Блок-станицата за потребите на Кавадарци е веќе завршена. Следи втората фаза каде ќе се донесе гасот до мернорегулационата станица и оттука да може да се дистрибуира до сите жители и за потребите на индустриската зона. Затоа дадени се и насоките за сите градоначалници паралелно да започнат подготовки за изградба на локалната гасоводна мрежа”, изјави Сугарески.