Свет Европа Судир на возови во Италија, загинаа најмалку 12 лица

Судир на возови во Италија, загинаа најмалку 12 лица

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во директен судир на два воза на југот на Италија, објавија италијанските медиуми.

На местото на несреќата пристигнаа полицијата и брзата помош која им помага на повредените.

До несреќата дошло на пругата помеѓу градовите Руво ди Пуља и Корато, во близина на Бари, на крајбрежјето на Јадранско Море.

Сè уште не е објавено колку точно луѓе се повредени во несреќата, но регионалните возови кои сообраќаат на таа линија вообичаено се полни со луѓе во утринските часови.