Свет Европа Судир на два воза во Швајцарија

Судир на два воза во Швајцарија

Во швајцарскиот град Рафц, северно од Цирих, утринава дојде до судир на два воза, при што се повредени повеќе лица.

Поради несреќа запрен е железничкиот сообраќај во овој дел на Швајцарија.

Засега нема информации за бројот на повредените, а локалните медиуми јавуваат дека возила на итна помош се наоѓаат на местото на настанот.