Свет Европа Судир меѓу полицијата и демонстрантите на протестите во Франција

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на протестите во Франција

Десетици илјади лица излегоа на улиците во повеќе француски градови на протести против реформите во областа на трудот и социјалната политика.

Граѓаните што протестираа сметаат дека со реформите на компаниите ќе им биде олеснето да отпуштаат вработени, со што се загрозуваат правата на работниците.

Протести беа организирани во десетици градови.

За да ги разбие демонстрантите, полицијата употребила солзавец и шок-бомби.

Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите повредени се најмалку тројца полицајци и 19 демонстранти.