Главна секција Субвенциите за ЈСП изгласани, автобусите се враќаат на улиците

Субвенциите за ЈСП изгласани, автобусите се враќаат на улиците

Со ова завршува голготата со јавниот превоз и градските автобуси продолжуваат да сообраќаат

Фото: Мета.мк

По целодневно натегање меѓу советниците во Град Скопје, попладнево сепак беа усвоени субвенциите од 11 милиони евра за ЈСП Скопје. Со ова завршува голготата со јавниот превоз и градските автобуси продолжуваат да сообраќаат.

Откако првично субвенциите не беа изгласани, бидејќи советничката група на ВМРО-ДПМНЕ се противеше на одлуката, дојдоа советници од другите политички партии кои не беа присутни на првата вонредна седница и беше закажана втора вонредна седница.

За доделување субвенции овојпат гласаа 25 од 39 присутни.

ВМРО-ДПМНЕ со амандман бараше да се одобрат 3 милиони евра субвенции, оти како што рекоа не може толку пари од буџетот на Градот да се одлеваат во ЈСП. Овој амандман не беше изгласан, по што координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска побара советниците од сите политички партии да влезат во ЈСП Скопје за да увидат точно со какви проблеми се соочува јавното претпријатие.

Протестот на вработените во ЈСП траеше во текот на целиот ден бидејќи вработените немаат земено плата за месец декември. Во Скопје настана сообраќаен хаос, до такси возила беше речиси невозможно да се дојде, а се жалеа и студентите кои имаат испити и колоквиуми.

Почеток на сообраќаен хаос без јавен превоз – на постојките наместо автобуси се чека такси