Македонија Студено време со северен ветер и снег

Студено време со северен ветер и снег

Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег особено претпладне. На места, поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од еден степен под нулата до 3 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со со повремени врнежи од снег претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне само до два степена.

Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштат под нула. По котлините ќе има услови за појава на магла.