Дописници Стружанец се удави пагајќи со своето возило во реката Црн Дрим

Стружанец се удави пагајќи со своето возило во реката Црн Дрим

Невзат М. (48) од Струга го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17.10 часот се случи на Кеј 8 Ноември во Струга, во близина на реката Црн Дрим.

Незгодата се случила во момент кога, сега починатиот, управувајќи со моторно возило марка „даеву нексија“ со струшки регистарски таблички, на кејот почнал да го придвижува возилото наназад. Притоа, се приближил до реката по што возилото излетало и паднало во водите на Црн Дрим. Поради брзината на водата во реката, возилото веднаш било завлечено по текот.

Подоцна возилото било извадено од екипи од противпожарната единица и специјално возило на влечна служба. Смртта на возачот била констатирана од лекар на брза помош од Струга.

На местото на настанот увид извршил надлежен јавен обвинител, како и полициски екипи од полициската станица во Струга.

По наредба на јавниот обвинител, денеска врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, како и вонреден технички преглед врз патничкото моторно возило.