Хроника Струмичанец нелегално превезувал мигранти

Струмичанец нелегално превезувал мигранти

Триесети и двегодишен струмичанец вчера бил приведен во Гевгелија откако бил затекнат од полицијата како со возило нелегално превезува мигранти, соопшти полицијата.

Како што информираат од полицијата, нивна екипа околу 14 часот извршила контрола на возило, марка „пежо“, кое било паркирано на улицата Борис Кидриќ, пред полициската станица за граничен надзор на преминот Богородица. Возачот С.Д.М. (32) од Струмица, како што констатирале полицајците, немал документи за овластен и лиценциран превоз на патници, а во возилото биле затекнати шест државјани на Сирија и четири државјани на Ирак, кои нелегално влегле во земјава.

Возачот бил задржан во полициската станица во Валандово, а мигрантите биле спроведени во Прифатниот центар за странци на МВР.