Економија Странските инвестиции изнесуваат 96,76 милиони евра во првите четири месеци

Странските инвестиции изнесуваат 96,76 милиони евра во првите четири месеци

Во првите четири месеци од годинава, странските директни инвестиции изнесуваат 96,76 милиони евра, а во споредба со истиот период лани, кога изнесувале 98,44 милиони евра, има намалување за околу 2 милиони евра.

Во април, пак, во Македонија влегле 34 милиони евра, речиси исто колку и истиот месец лани.

Политичката криза која подолго време трае, меѓу другото, може да се одрази и со намалување на странските инвестиции во земјава, на што предупредуваат надлежните институции.