Дописници Странски експерти: Заштита од идни поплави со регулирање на водотеците

Странски експерти: Заштита од идни поплави со регулирање на водотеците

Следење на ситуацијата со ерозијата на земјата и нејзино мерење и информирање на граѓаните со цел подигање на јавната свест за нивниот однос кон природата, се само дел од краткорочните препораки на странските експерти, за заштита од можни идни ерозивни процеси и поплави во полошкиот регион.

Препораките се дадени по направениот увид на поплавените подрачја од страна на седум странски експерти од Европската унија. Увидот со помош и асистенција на Дирекцијата за заштита и спасување траеше 12 дена. Се фотодокументираше теренот од воздух и копно.

– Освен краткорочни се донесоа и долгорочни препораки. Меѓу нив се регулирање на водотеците на Шар Планина, урбанизирање на населените места кои беа погодени од поплавите, но и воспоставување на нов систем за предупредување и брза евакуација на населението во случај на големо невреме, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

– Препораките се само дел од конечниот извештај, кој го изготвивме, а ги содржи наодите за сегашната состојба, какво е географското подрачје погодено од поплавите – изјави Рудолф де Кром, експерт од Европската Унија и водач на екипата.

Во поплавените подрачја во тетовско механизацијата се уште е на терен и ги расчистува наносите од камења и земја низ населените места и зафатените патишта. Според дирекцијата, се очекува целиот терен да се расчисти, најдоцна за 5 месеци