Свет Европа Столтенберг: Русија трупа сили од Балтикот до Средоземното Море

Столтенберг: Русија трупа сили од Балтикот до Средоземното Море

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази загриженост поради натрупувањето руски воени сили на подрачјето од Балтикот до Средоземно Море и ја повика Алијансата да осмисли одговор на тоа.

Столтенберг навел дека Русија ги концентрирала своите воени сили во Калининград, на Црно Море и на источниот Медитеран, од каде му дава поддршка на претседателот Башар ал Асад.

Шефот на НАТО на прес-конференцијата во Португалија, каде се одржуваат воени вежби на Алијансата, рече дека одредени експерти веруваат дека натрупувањето сили би можело да доведе до тоа Русија да стане способна да го ограничи пристапот на НАТО во одредени региони.

– Мораме да бидеме способни да ја надминеме таа можност, за да ги зајакнеме нашите сили и да бидеме во движење, па и да распоредиме сили доколку е потребно – рече Столтенберг.