Македонија Столтенберг повикува на флексибилност во преговорите за името

Столтенберг повикува на флексибилност во преговорите за името

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во Брисел повика на флексибилност во преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот со името.

– Јас би бил многу внимателен и не би шпекулирал околу можноста за договор. Имаме посредник на ОН, кој сега изложува некои предлози како да се реши прашањето за името. Се надевам дека актуелните иницијативи ќе доведат до такво решение. Навистина се надевам дека е можно решение, кое ќе го реши проблемот, кој долго време постои меѓу ПЈР Македонија и Грција и кое ќе ѝ овозможи да стане членка на Алијансата. Затоа, ги повикувам да бидат флексибилни – рече Столтенберг.