Главна секција Столтенберг ќе се обрати пред македонските пратеници на 18 јануари

Столтенберг ќе се обрати пред македонските пратеници на 18 јануари

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој месецов доаѓа во посета на Македонија, на 18 јануари на пленарана седница ќе им се обрати на пратениците во македонското Собрание.

Седницата, како што е наведено на официјалната веб-страницата на Собранието, е закажан за точно напладне и освен неа за овој ден не се закажани други седници на законодавниот дом.

Инаку, посетата на Столтенберг доаѓа во период на засилени активности и комуникација на властите во Скопје и Атина околу решевањето на деценискиот спор со името и очекувањата на Македонија за напредок во евроатлантските интеграции.