Македонија Стигнаа спомениците на албански дејци од проектот „Скопје 2014“

Стигнаа спомениците на албански дејци од проектот „Скопје 2014“

Викендов во центарот на Скопје ќе се поставуваат спомениците на албанските дејци од проектот „Скопје 2014“, кои вчера пристигнале во главниот град.

Споменикот на албанскиот деец Пјетер Богдани, како што јавуваат медиумите, ноќеска по полноќ бил истоварен на тревникот во Паркот „Жена Борец“, спроти Собранието.

Од Италија пристигнале и другите два споменици, на Неџат Аголи, прв министер за здравство во Владата од 1945 година и на поетот Јосиф Багери.

Споменикот на Јосиф Багери викендов ќе биде поставен во близина на новиот Македонски театар, а споменикот на Неџат Аголи треба да биде поставен пред зградата на „Телеком“.