Свет Свет Стејт департментот ја поздрави пресудата на Хашкиот трибунал за Караџиќ

Стејт департментот ја поздрави пресудата на Хашкиот трибунал за Караџиќ

Американскиот Стејт департмент ја поздрави пресудата на Хашкиот трибунал со која денеска Радован Караџиќ беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за опсадата на Сараево и му се досуди 40 години затвор.

– Првостепената пресуда, со која Караџиќ е осуден на 40 години и е прогласен за виновен за Сребреница и за злосторство против човештвото, претставува чекор кон затворање на болното поглавје на судирите во поранешна Југославија – изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.

Тој додаде дека САД ги повикуваат членките на меѓународната заедница да соработуваат со Хашкиот трибунал и да ги почитуваат неговите одлуки.