Економија Ставрески: На 5 октомври секој пензионер ќе добие по 621 денар зголемување...

Ставрески: На 5 октомври секој пензионер ќе добие по 621 денар зголемување на пензијата

На 5 октомври ќе биде исплатена септемвриската пензија и секој пензионер во земјава линерано ќе добие зголемување од 621 денар. Од следната година, предвидено е за уште пет проценти да бидат зголемени социјалната и постојаната парична помош, изјавија на денешната прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Зголемувањето на пензиите и на социјалната помош е целосно буџетирано за 2016 година.

Вицепремиерот Ставрески истакна дека зголемувањето на пензиите ќе продолжи и следната година и во октомври 2016 година ќе бидат исплатени по 650 денари зголемени пензии за сите пензионери.

– Досега зголемувањето на просечната пензија од 2006 година, заклучно со октомври годинава, изнесува 70,3 проценти. Од 7.683 денари, колку што изнесувала во 2006 година, во октомври ќе изнесува 13.085 денари, додека кај социјалната помош зголемувањето е за 61,8 проценти, а постојаната парична помош од 2006 до 2015 година е зголемена за 60,5 проценти што е значително зголемување – појасни Спасов.