Свет Статуи од гол Трамп осамнаа ширум САД

Статуи од гол Трамп осамнаа ширум САД

Статуи од гол Доналд Трамп се поставени во повеќе градови ширум САД, а фотографиите од нив ги преплавија социјалните мрежи, јавуваат американските медиуми.

Фигурите од голиот републикански кандидат за претседател на САД се дел од проектот на анархистичката група „Индиклајн“.

Трамп, во природна големина, без тестиси осамна во Њујорк, Лос Анџелес, Сан Франциско и Кливленд.
Случајните минувачи запирале и се сликале крај статуите, а фотографиите од голиот Трамп станаа хит на социјалните мрежи.

Анархистите во интервју за весникот „Вашингтон пост“ рекоа дека сакале да го понижат претседателскиот кандидат на републиканците поради неговите авторитарни тенденции. Тие исто така наведоа дека диктаторите често себе си си подигаат споменици.

Спомениците набрзо биле отстрането од јавните површини.