Економија Статакис: Грција не планира да ја уценува еврозоната

Статакис: Грција не планира да ја уценува еврозоната

Грција не сака да се врати на состојбата пред кризата, ниту планира да ја уценува еврозоната, соопшти грчкиот министер за економија, Јоргос Статакис.

– Се обидуваме да најдеме најлогично решение за двете состојби, решение кое би ги свело на минимум загубите на европските даночни обврзници – рече Статакис во интервју за „Си-Ен-Ен“.

Грчкиот министер наведе дека на Грција ѝ се неопходни структурни реформи, пред сè, во областа на даноците и на јавната администрација, проценувајќи дека владата во Атина наскоро ќе постигне спогодба со меѓународните кредитори за реструктуирањето на долгот, настанат по основа на програмата за помош на „тројката“ за Атина во вредност од 240 милијарди евра.