Македонија ССМ: СДСМ и Царовска прават упад во синдикалното организирање

ССМ: СДСМ и Царовска прават упад во синдикалното организирање

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) преку соопштение реагира на изјавата на Мила Царовска, претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

– ССМ е крајно непријатно изненаден од последниот обид за упад во слободата на синдикалното организирање, направен од СДСМ и од Мила Царовска, кој е спротивен на Уставот на Република Македонија и на Конвенциите на МОТ за слобода на синдикално организирање – пишува во соопштението.

Во соопштението се вели дека ССМ е демократска организација, која самостојно и транспарентно ги уредува внатрешните односи и нема да дозволи ниедна политичка партија да си зема за право да уредува кој синдикат е негов и ќе го земе под закрила, а другите ќе ги етикетира.

Според ССМ, Мултиетничкиот синдикат за образование на Република Македонија (МЕСО) дејствува спротивно на Статутот на ССМ и не се прокламира како гранков синдикат.