Економија ССК: Особено радува што казните нема да бидат исти за малите и...

ССК: Особено радува што казните нема да бидат исти за малите и за големите компании

Од Сојузот на стопански комори (ССК) велат дека со измените на Законот за прекршоци, усвоено е уште едно од барањата на ССК што било доставено во 2013 година во делот на предлог-мерките за унапредување на деловното работење и за функционирање на компаниите во Македонија.

Заменик-претседателот на ССК, Сеад Кочан, вели дека особено радува тоа што со паричните казни компаниите ќе бидат санкционирани според неколку фактори, ќе бидат рангирани и казните нема да бидат исти за малите и за големите компании.

– Исто така, особено важно е што ќе се води евиденција на казни и ќе има олеснителна околност доколку компанијата што згрешила, претходно немала направено таква грешка. Доколку направиле грешка за непознавање на правилата и на регулативата ќе бидат информирани, потоа ќе бидат едуцирани и ќе им биде укажана на истата грешка, а ако им се повтори, тогаш ќе бидат казнети – изјави Кочан.