Македонија Српска државјанка загина во сообраќајна несреќа кај Удово

Српска државјанка загина во сообраќајна несреќа кај Удово

Д.П. (56), државјанка на Србија, утринава загина во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А-1, на делница Удово – Марвинци, наспроти селото Јосифово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Д.П била сопатничка во возилото и починала на местото на несреќата.

Сообраќајката се случила утринава во 9.20 часот, помеѓу автомобил „тојота авенис“ управуван од В.С. од Србија и „пежо 308“ управуван од С.П., исто така од Србија.

Во тек е увид на местото на несреќата, а сообраќајот се пренасочува по локален пат низ село Удово.