Технологија Наука Средба со организаторите на „Доку-тек“ на 15 јули

Средба со организаторите на „Доку-тек“ на 15 јули

Фондацијата „Метаморфозис“ на 15 јули ќе организира средба со тимот на „Доку-тек“ (Doku: Tech) на која технолошките ентузијасти од Македонија ќе добијат шанса да учествуваат на уникатната технолошка конференција во регионот, што ќе се одржи во Призрен, Косово, на 8 и на 9 август.

„Доку-тек“ ги истражува социјалните импликации на технолошките иновации преку поврзување, содржина, отвореност и безбедност. Конференцијата ќе се одржи во Призрен, Косово, а ќе настапат реномирани говорници, набљудувачи, истражувачи од целиот свет, кои ќе зборуваат за отворено знаење, дигитална безбедност, приватност, социјално претприемништво и за бизнис.

На средбата, што ќе се одржи во ГЕМ-клубот во Старата скопска чаршија, ќе присуствуваат организаторите на конференцијата и тоа ќе биде можност сите заинтересирани од Македонија да се информираат за деталите поврзани со конференцијата, говорниците, како и со градот-домаќин.