Свет Балкан Србија се заканува со противмерки ако ЕК не ја вразуми Хрватска

Србија се заканува со противмерки ако ЕК не ја вразуми Хрватска

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе донесе „одредени мерки“ доколку Европската комисија денеска до 14 часот не преземе нешто во врска со одлуката на Хрватска да ги затвори границите за товарен сообраќај.

– Ова скандал од меѓународни размери и Хрватска ги прекрши сите европски договори и директиви – рече Вучиќ, додавајќи дека објаснувањето што го дала Хрватска, спаѓа „во зоната на самракот“.

Вучиќ рече дека е шокиран од одговорот на Хрватска, Србија да пренасочи половина од бегалците кон Унгарија, за да се деблокира камионскиот сообраќај.