Економија Србија подготвува контрамерки за Албанија поради законот за лекови

Србија подготвува контрамерки за Албанија поради законот за лекови

Србија ќе преземе соодветни контрамерки доколку Албанија не ја повлече спорната одредба од законот, балканските земји при извоз на лекови да мора да ги регистрираат во ЕУ, соопшти српската заменик-министерка за трговија, Бојана Тодоровиќ.

Тодоровиќ рече дека засега немаат добиено одговор од Албанија на прашањето зошто правилото за регистрација на лекови важи само за балканските земји и додаде дека очекува наскоро да постигнат договор.

– Албанскиот закон се применува од септември, но на балканските земји, на кои се однесува одредбата, им е даден рок од шест месеци да се прилагодат – вели Тодоровиќ, додавајќи дека тоа е прекраток рок за да се направи регистрација на лековите во ЕУ.

Според Тодоровиќ, Албанија вака ги дискриминира само балканските земји кои се потписнички на Договорот за слободна трговија (ЦЕФТА).
Српската заменик-министерка за трговија вели дека ЕУ е известена за спорот со лековите и им пружа поддршка на Србија, БИХ и на Македонија што побргу да го решат проблемот и да ги заштитат своите извозници.