Свет Балкан Србија отвора две поглавја во преговорите со ЕУ

Србија отвора две поглавја во преговорите со ЕУ

Евокомесарот Јоханес Хан во Брисел изјави дека со отворањето поглавја за приклучување на Србија кон ЕУ, земјата станува постабилна, поблиска до Унијата и попривлечна за странските инвеститори.

Изјавата на Хан доаѓа во пресрет на денешното заседание на шефовите на европските дипломатии на Меѓувладината конференција ЕУ-Србија. На седницатаќе бидат отворени првите две поглавја од преговорите за евроинтеграции, односно поглавјето 32, кое се однесува на финансиската контрола, и поглавјето 35, посветено на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој ја предводи српската делегација, изјави дека поглавјето 32 веројатно бргу ќе биде затворено, додека поглавјето 35 ќе биде мошне тешко и оти голема е веројатноста тоа да остане отворено до крајот на процесот на пристапување на Србија во ЕУ.