Свет Балкан Србија ќе мора да ги нормализира односите со Косово за да влезе...

Србија ќе мора да ги нормализира односите со Косово за да влезе во ЕУ

Пред да влезе во Европска Унија, Србија треба целосно да ги нормализира односите со Косово, а тоа би било потврдено и со правно обврзувачки документ, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, во интервју за НИН.
– Не е во интерес на ЕУ да ги прифати во полноправно членство членките кои се во конфликт со соседните земји, бидејќи тоа би значело „увоз“ на нестабилност – смета Курц, додавајќи дека Брисел е подготвен да го помогне и да го олесни процесот.
Според Курц, не е исклучена можноста Србија да биде принудена да се огради од Русија пред да влезе во ЕУ за да ги усвои надворешно-политичките ставови на Брисел.