Македонија Србија и Македонија брзо и на позитивен начин го решија проблемот, оцени...

Србија и Македонија брзо и на позитивен начин го решија проблемот, оцени Хан

Немаше потреба од вклучување на Европската унија во решавањето на дипломатскиот спор меѓу Скопје и Белград бидејќи проблемот беше брзо решен, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на денешната прес-конферфенција во Драч.

– Секако дека би сакал да се запознаам подобро со причините за овој проблем, но добро е што веќе постои доверлива врска меѓу лидерите на двете земји и тоа што остварија брз телефонски разговор – рече Хан.

Еврокомесарот истакна дека проблемот е решен на позитивен начин и оти тоа е показател дека постои позитивен развој во регионот. Тој исто така изрази надеж дека трендот на позитивно решавање на билатералните проблеми ќе продолжи и во иднина.

– Првиот разговор меѓу двајцата лидери покажува дека постои самодоверба кај политичарите за надминување на овие прашања и моето очекување е дека ваквите работи се настани од минатото – рече Хан.