Свет Балкан Србија го активирала механизмот на ЕУ за цивилна заштита

Србија го активирала механизмот на ЕУ за цивилна заштита

Србија го активирала механизмот на ЕУ за цивилна заштита за да добие материјална поддршка по големиот прилив на бегалци и на баратели на азил, а претставникот на ЕУ за хуманитарна помош и за управување со вонредни ситуации, Христос Стилијанидес, ја повика ЕУ да ја покаже солидарноста кон Србија.

Србија, се наведува во соопштението, побарале материјална помош за кревети, средства за хигиена, возила, гориво и за храна.

– Ги повикувам земјите-членки на ЕУ да покажат солидарност кон Србија сега кога ѝ е потребна помош. Во постојан контакт сме со надлежните во Белград за да ја координираме итната испорака на материјална поддршка што ја нудат земјите-членки – рече Стилијанидес.