Свет Балкан Спречен напад врз премиерот на Косово

Спречен напад врз премиерот на Косово

Косовската полиција спречила напад врз премиерот Иса Мустафа, но осомничените успеале да побегнат.

Како што соопшти полицијата, двајцата осомничени требало да ја запрат моторизираната придружба на премиерот, фрлајќи клинци и други метални предмети на патот.

Според првичната истрага, полициски службеник се вмешал во организирањето на нападот и веќе е во притвор, додека другите се во бегство.