Свет Спречен напад на Боко харам на амбасадите на САД и на Британија...

Спречен напад на Боко харам на амбасадите на САД и на Британија во Нигерија

Претставници на безбедносните сили на Нигерија соопштија дека спречиле обид на припадник на терористичката група Боко харам, блиска до Исламска држава, да изврши напад на амбасадите на САД и на Велика Британија.

Нигериските власти соопштија дека кон крајот на минатиот месец е разбиен синџир на терористи кои „усовршувале планови за напад“ на амбасади и на „други мети кои се од интерес за Западот“ во главниот град, Абуџа.

Во соопштението не се откриваат детали, но се наведува дека пет осомничени се уапсени.