Свет Свет „Спотлајт“ откри нова афера: Сексуална злоупотреба на деца во приватни училишта во...

„Спотлајт“ откри нова афера: Сексуална злоупотреба на деца во приватни училишта во САД

Сексуални малтретирања со децении се одвивале во приватни училишта на североистокот на САД, а одговорните најчесто предоцна реагирале или ги игнорирале обвиненијата од повеќе од 200 жртви, пишува „Бостон глоуб“.

Весникот наведува дека многу од фактите веќе им се познати на правосудните органи, потсетувајќи на повеќе од 90 почнати судски процеси. Голем дел од процесите се сопрени, а многу од нив се процесуираат само како граѓански парници.

Податоците што ги собрале членовите на „Спотлајт“, групата истражувачки новинари на „Бостон глоуб“, датираат од 1991 година па досега, а се однесуваат за вработени од 67 приватни училишта. Вработените сексуално малтретирале ученици.

Некои од обвиненијата за злоупотреба во училиштата се уште од педесеттите години на минатиот век, додека повеќето се обзнаени на почетокот од 2000 години.

„Бостон глуб“ наведува случај со професор, за кого уште во 1968 година имало пријави за злоупотребување ученици. Тој потоа продолжил да подучува во разни школски установи и да злоупотребува ученици сè до 2003 година.

Во истрагата на новинарите од „Бостон глоуб“ особено место заземаат случаите на злоупотреба во училиштето „Сент Џорџ“ во Мидлтаун, во државата Риун Ајленд, каде што во 2003 година, 11 ученици се пожалиле на однесувањето на наставник за физичка култура, кој „допирал“ некои од нив, а некои ги злоупотребувал.

Управата на школото по обвиненијата му дала отказ, но по истрагата е заклучено дека не станува збор за полова злоупотреба, поради што не е пријавен на суд. Подоцна повторно го ангажирале за професор по физичка култура во истото училиште.

Откако во 2011 година, по сопствена волја го напуштил Сент Џорџ, управата на училиштето, за неговото однесување го известила неговиот нов работодавец, училиштето „Тафт“ во Конектикат.
Новинарите на „Бостон глуоб“ ги повикуваат сите што поседуваат какви било информации за слични случаи да ги известат надлежните институции.

Големата истрага на тимот на „Спотлајт“ од 2002 година овозможила откривање на кој начин локалната католичка црква прикривала сексуално малтретирање, кое со децении го вршеле 90 свештеници од Бостон и од околината.

Потресната приказна беше екранизирана, а филмот насловен „Спотлајт“ ја освои наградата „Оскар“ за најдобар филм.