Економија Според „Роснефт“, нафтата следната година значително ќе поевтини

Според „Роснефт“, нафтата следната година значително ќе поевтини

Извршниот директор на „Роснефт“, Игор Сечин, излезе со оптимистичка најава за значително поевтинување на цената на нафтата следната година.

– Во прелиминарната анализа, мислам дека следната година ќе имаме просечни цени за годината во опсег од 40 до 43 долари за еден барел – рече Сечин во интервју за телевизијата „Русија 24“.

Тој поевтинувањето го припишува на зголемено производство нафта од шкрилци, но и на девалвацијата на доларот, што ја предвидува.