Македонија Спасовски: Најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на изборите

Спасовски: Најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на изборите

Министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски, во изјава за медиуми откако гласаше на локалните избори, рече дека најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на изборите.

– Најважно од сè е граѓаните на Република Македонија да можат денеска самостојно да ја донесат својата одлука. Да имаат можност без притисоци, без закани и уцени да го остварат своето гласачко право. Апелирам до граѓаните на еден достоинствен начин да покажеме дека и овој ден ќе даде придонес кон реформите во македонското општество – рече Спасовски.

Тој нагласи дека за Република Македонија е многу важно да покаже дека има капацитет да организира фер и демократски избори и дека за тоа треба свој придонес да дадат и политичките партии.