Главна секција Спасовски: Ќе го пресретнеме секој обид за изборни или предизборни нерегуларности

Спасовски: Ќе го пресретнеме секој обид за изборни или предизборни нерегуларности

Од денеска, ние, министрите и дополнителните заменици-министри од СДСМ, ќе бидеме очите на граѓаните во владата, вети новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој предмалку беше избран во Собранието, во согласност со Договорот од Пржино.

– На 11 декември мора да има и ќе има регуларни избори. Во Македонија ќе има само регуларни избори и никакви поинакви. Затоа сме дел од техничката влада. Порачуваме дека ќе го пресретнеме секој обид за какви било изборни или предизборни нерегуларности. Корупција на гласачи, притисоци, криминал, тоа заврши – изјави Спасовски откако положи заклетва во Собранието.

Одговарајќи на новинарско прашање, Спасовски рече дека во Македонија и во институциите владее хаос и дека тоа е тоа што СДСМ сака да го промени.