Свет Балкан Спасени 131 мигрант кај западното грчко крајбрежје

Спасени 131 мигрант кај западното грчко крајбрежје

Околу 130 мигранти се спасени денеска во близина на западното грчко крајбрежје, откако чамците со кои пловеле побарале помош поради лошите временски услови, соопшти крајбрежната стража.

Бродот пристигнал во пристаништето Метони на Пелопонескиот Полуостров со помош на локалната полиција, а сите патници се безбедни.

Не е позната националната припадност на мигрантите, кои тврделе дека сакале да се упатат кон Италија.