Свет Свет Советот за безбедност на ОН ќе расправа за зајакнување на санкциите кон...

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за зајакнување на санкциите кон Пјонгјанг

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва ќе одржи гласање за нацрт-резолуцијата со која се повикува на воведување остри санкции кон Северна Кореја, јавува „Ројтерс“.

Минатата недела пред членките на Советот за безбедност беше претставена резолуцијата која е договорена со Кина, а со која значително би се заостриле санкциите против Северна Кореја откако таа држава изведе нуклеарно и балистичко тестирање.

Нацрт-резолуцијата предвидува најстроги санкции кои ОН ги вовеле кон Северна Кореја во последните две децении.

Северна Кореја на 7 февруари лансираше ракета со долг дострел со сателит, што соседите на таа држава и САД го критикуваа како обид за тестирање балистичка ракета.