Свет Советот за безбедност на ОН го осуди нападот во Ерусалим

Советот за безбедност на ОН го осуди нападот во Ерусалим

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска најостро го осуди терористичкиот напад во Ерусалим, во кој загинаа четири лица и им изрази сочувство на Владата и на народот на Израел.

Како што се наведува во соопштението, неопходно е да се изнесат пред лицето на правдата тие што се одговорни за нападот и се истакнува дека тероризмот во сите облици станува најсериозна закана за глобалниот мир и за безбедноста.