Свет Свет Советот за безбедност на ОН денеска свика вонредна седница поради состојбата во...

Советот за безбедност на ОН денеска свика вонредна седница поради состојбата во Сирија

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска свика вонредна седница за да го разгледа вчерашниот воздушен напад со отровен гас, кој беше извршен врз град во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Соединетите Американски Држави, Франција и Обединетото Кралство поднесоа предлог-резолуција со која се осудува употребата на хемиско оружје во Сирија. Тие ја нагласија обврската на сириската влада да даде информација за своите вчерашни воздушни операции.

Оваа предлог-резолуција за Русија е неприфатлива.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон вчера соопшти дека во воздушниот напад со отровен гас загинале најмалку 58 лица, меѓу кои и деца.