Свет Балкан Советот на ЕУ со „зелено светло“ за безвизен режим за Косово

Советот на ЕУ со „зелено светло“ за безвизен режим за Косово

Хрватско-словенечкиот граничен премин Брод на Купи. Од 1 јануари рампите за влез и излез на хрватските граѓани ќе бидат кренати; Фото: Lan Glad - Own work, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=71054433

Советот на ЕУ денеска даде поддршка за овозможување безвизен режим за државјаните на Косово, односно нивно патување без визи во ЕУ. Сега на потег е Европскиот парламент. Доколку биде донесена одлуката, Косовците ќе патуваат во ЕУ без визи или од мигот на стапувањето на сила на новиот режим European Travel Information and Authorisation System (ETIAS) или од 1 јануари 2024, во зависност што ќе дојде попрво, се наведува во соопштението објавено од Советот на ЕУ.

Советот на ЕУ смета дека се надминати пречките што постоеја претходно.

Безвизниот режим подразбира влез во некоја членка на ЕУ и престој на територијата на унијата од 90 дена во период од 180 дена.

Доколку позицијата на Советот на ЕУ биде одобрена од Европскиот парламент, Косовците ќе се приклучат на другите земји на Балканот кои години претходно добија безвизен режим, откако одлуката ќе биде објавена во службениот весник на ЕУ.