Главна секција Советот на јавни обвинители едногласно ја разреши обвинителката Катица Јанева

Советот на јавни обвинители едногласно ја разреши обвинителката Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашнава вонредна седница ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. За нејзино разрешување гласаа сите осум пристуни членови на Советот.

– Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален јавен обвинител Катица Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење – изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски.

Тој додаде дека одлуката за разрешување на Јанева стапува на сила од денеска. Колевски рече дека в понеделник ќе продолжи седницата на која ќе се расправа за обвинителите во Специјалното јавно обвинителство кога ќе биде констатиран престанок на нивниот мандат.

Јанева денеска беше разрешена и од пратениците на власта и опозицијата во Собранието, со 102 гласа од вкупно 105 присутни.