Свет Соработник на Ел Чапо осуден на доживотен затвор

Соработник на Ел Чапо осуден на доживотен затвор

Алфредо Белтран Лејва, некогашен соработник на мексиканскиот картел и соработник на нарко-шефот Хоакин Гусман, познат како Ел Чапо, во САД е осуден на доживотна затворска казна.

Лејва е осуден откако во февруари пред судот ја призна вината дека во САД прокриумчарил повеќе тони кокаин и метамфетамин, чија вредност е проценува на повеќе милијарди долари.

Властите наведуваат дека неговата организација испраќала дрога од Јужна Америка.

Поранешниот картел на Лејвин почнал како разгранок на групата Синалоа на Ел Чапо, но ја завршиле соработката по апсењето на Белтран Лејва во 2008 година.