Економија Сопственикот на „Алибаба“ стана советник на Дејвид Камерон

Сопственикот на „Алибаба“ стана советник на Дејвид Камерон

Основачот на кинеската интернет-компанија „Алибаба“, Џек Ма, е именуван за советник за економски прашања на британскиот премиер Дејвид Камерон, соопшти денеска британската влада.

Тоа именување дојде еден ден пред посетата на кинескиот претседател Си Џипинг во Велика Британија, чија цел е зајакнување на економските врски меѓу двете земји.

– Џек Ма ќе биде советник за зголемување на извозот на малите и на средни британски претпријатија, како и за подобар пристап на кинескиот пазар по пат на интернет-страници како што е „Алибаба“ –  се наведува во соопштението на британската влада.

Џек Ма е втор милијардер во Кина со богатство од 22,7 милијарди долари.