Свет Балкан Сообраќајна несреќа кај Младеновац: 37 повредени и едно загинато лице

Сообраќајна несреќа кај Младеновац: 37 повредени и едно загинато лице

Автомобил се удрил во автобус откако преминал во спротивната лента. Возачот на автомобилот починал на лице место

Фото: Bjoertvedt, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Тешка сообраќајна несреќа се случила во близина наградот Младеновац во Србија утринава во 5:30 часот наутро откако автомобил и автобус се судриле – 37 луѓе биле повредени, а возачот на автомобилот загинал, пренесува Н1.

Транспортната компанија Ласта изјави дека според информациите кои тие ги имаат, несреќата се случила откако возачот на автомобилот почнал да вози во спротивната лента на патот, по што се удрил директно во автобусот. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека возачот на автомобилот е најверојатно одговорен за несреќата.

Сообраќајот околу Младеновац е повторно пуштен во употреба.

Повредените лица се згрижени во Ургентен центар во Младеновац, каде беа посетени од министерот за здравство Златибор Лончар.

Лончар изјави дека четири лица се посериозно повредни, а повеќето други лица се здобиле со ортопедски повреди и со повреди на главата.

Оваа несреќа доаѓа само една недела по несреќа во градот Стублине, каде исто така загинало едно лице, а 20 биле повредени. Токму поради тој инцидент, се работат на измени во Законот за безбедност во сообраќајот, соопшти министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ.