Македонија Сообраќајот Скопје – Велес се одвива по една лента поради сообраќајка

Сообраќајот Скопје – Велес се одвива по една лента поради сообраќајка

Поради сообраќајна несреќа на патниот правец Скопје – Велес, кај Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по на места влажни коловози. Намалена видливост од 50 до 100 метри, поради магла, има на патниот правец Лисец – Попова Шапка.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сè уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.